Вести Македонија

Ивановска: Собранието ги избира членовите на ДКСК и тоа треба да го зајакне надзорот

Собранието е институцијата која ги избира членовите во Државната комисија за спречување корупција, и очигледно тоа треба да спроведува поголем надзор врз овие независни тела, оцени поранешната претседателка на Државната комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска во вечерашното издание на Вин Вин на Телма.

Не знам и не можам да коментирам во која насока се одвива истрагата, меѓутоа, мене ми е многу тешко и за институцијата, за реномето на институцијата која што, навистина, знаете колку многу труд вложивме за да го изградиме, за да ја изградиме довербата кај граѓаните, дека еве, има една независна институција во која можат да се обратат, да дадат претставки, да поднесат предмети. Во секој случај, ќе кажам дека многу, многу непријатно чувство. Вистината е како шило, верувам дека ќе излезе на површина, не сакам ништо да прејудицирам, но како и да е, во секој случај Собранието сега е тоа кое што ги избира кандидатите за членови на комисијата, мислам дека треба да го зајакне својот надзор врз работењето на овие независни тела, рече Ивановска.

Претходниот состав на комисијата се избираше по друг модел, но очигледно е дека политичките партии уште на почетокот на нејзиниот мандат сфатија дека на тој начин нема да ги добијат резултатите кои ги посакуваат.

За граѓанското општество моделот за избор на членовите на ДКСК, кој што беше првично тестиран на составот на поранешната претседателка, беше модел во којшто верувавме затоа што имавме доволно транспарента постапка, постапка во којашто поставуваме прашања кои што и не беа пријатни за дел од интервјуираните. И во првиот состав покажа резултати на задоволство, и кај нас како предлагачи на моделот, и милам дека и кај избраните и кај граѓаните коишто веруваа во оваа комисија, којашто е превентивен механизам за спречување на корупција, рече Данче Даниловска-Бајдевска од Метаморфозис.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Оштетени кабли и булевар, Арсовска лови дивоградби во Чаир, чека градоначалникот Ганиу да ги урива

Дејан Дејан

Завршни консултации меѓу претседателката и премиерот за новиот гувернер

Дејан Дејан

Љубчо Георгиевски сведок на одбраната во случајот „Ванчо Михајлов“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе