Обвинителството не нашло докази дека Блерим Рамадани бил пуштен да избега на граничен премин. Затворен предметот и за судијата Пајазити кој му определи, па му го смени ефективниот притвор со домашен на поранешниот припадник на ОВК кој потоа избега. Пајазити беше казнет од Судскиот совет со 30 посто на плата во рок од 6 месеци.
Обвинителството за гонење на организиран криминал го затворило предметот за бегството на Косовецот Блерим Рамадани кој избега додека беше во куќен притвор во Скопје. По наредба на обвинителите, полицијата ги прегледала снимки од камерите на Блаце и Јажинице за подолг временски период околу бегствотото, а ги анализирале и документи од полициската станица Бит Пазар под чија надлежност била контролта на Рамадани додека бил кај роднините во куќниот притвор. Не нашле докази дека тој излегол од државата на граничните премини ниту утврдиле дека за неговото бегство се одговрни полициски или царински службеници.
Обвинителството го затворило и другиот предмет во кој го истражуваше и судијата Пајазит Пајазити кој му определи притвор на Рамадани па му го замени со куќен притвор од каде избега, а се пријави од другата страна на границата.
Во предметот против судија на претходна постапка по преземени предистражни дејствија (обезбедени податоци од мобилни оператори, обезбедена документација од кривичниот предмет и други податоци од Судскиот Совет) и севкупна анализа е донесена Резолуција дека во конкретниот случај не постои сомневање дека пријавениот сторил кривично дело Попречување на правда, ниту кое било друго кривично дело што е во исклучива надлежност на ова обвинителство, стои во одговорот од ОЈО ГОКК за Телма.
Диисциплинска постапка за судијата водеше Судскиот совет кој на почетокот на месецов го казни со 6 месеци пониска плата за 30 проценти. За разршеување немало доволно гласови, а поребни се осум. Во јавноста се спореше и отповикувањето на согласноста за екстрадиција по скратена постапка, која Рамадани ја дал во присуство а потоа барал повлекување.
Поранешниот припадник на ОВК беше упасен во Јажинце летоска по потерница на Интерепол а негова екстрадиицја бараше Србија. По бегството опозициската СДСМ обвинуваше дека било организирано и помогнато од вработени во полицијата и вработени во други институции.
Елена Ивановска Мукоска