Вести Свет Топ вести

(Видео) Пламна мотор на авионот кој стоеше на писта во САД, евакуирани 300 луѓе

Околу 300 патници беа итно евакуирани од авионот на компанијата Делта, откако се запали еден од моторите додека леталото стоеше на писта на меѓународниот аеродром во Орландо, пишува „Би-Би-Си“.

На снимките што се појавија на социјалните мрежи се гледа црн чад, а потоа и пламен од десниот мотор, а патниците го напуштаат авионот, спуштајчќи се низ надувани евакуациски тобогани. Засега нема информации за повредени луѓе.

Летот на Делта беше планиран на релација Орландо – Атланта. Компанијата во соопштение за „Си-Би-Ес“ наведе дека во авионот од типот Ербас А330 се наоѓале 282 патници, 10 членови на екипажот и двајца пилоти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телото на папата Франциск изложено во отворен ковчег во капелата Света Марија во Ватикан

Дејан Дејан

Од ресторан и ја украле чантата полна со пари и документи- ограбена американската секретарка за државна безбедност Кристи Ноем иако ја чувала тајната служба на САД

Дејан Дејан

Пет пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во Македонија, 44 во странство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе