Папата Франциск е денес минато, но останува нешто по него велат вечерашните гости во Топ Тема.
Сотировски, поранешен претседател на Комисијата за односи со верските заедници остварил околу 10 средби со Папата Франциск меѓу кои и посетата на Папата во 2019 година во Македонија. Тој средбите со папата ги опиша како срдечни. Потенцирајќи дека при секоја завршена средба Папата Франциск кажувал на присутните да не заборават да се молат за него. За Сотировски тоа покажувало еднаквост во секој поглед, бидејќи и покрај неговата папска должност тој пред се човек по постоење.
„Папата Франциск направи и радикални промени. Еве чинам беше на први март годинава ја постави за претседателка на ватиканската администрација сестрата Рафаела Петрини што е огромен чекор, тоа било незамисливо пред една, а да не зборуваме пред 100 години во римската курија. Ценам дека се напредни и заложбите за животната средина и градењето на братството со другите култури“ вели Сотировоски.