Синдикатот на културните работнции денеска напладне ќе одржи протестен Совет во проширен состав пред Министерството за култура и туризам.
„Повод за овој протестен Совет е ударот врз достоинството на културните работници, ненавремените и јасни насоки за пресметка на плата од Министерството за култура, постојаните обиди за непочитување на колективните договори, што резултираше со доцнење на платите и оставање на вработените во културата за велигденските празници без пари. Културата не е трошок, таа е основа на секое општество!!!“, се вели во соопштението на СКРМ.
Од Министерството за култура и туризам, пак, минатата недела информираа дека вработените во институциите од областа на културата ќе ги добијат платите со потребното зголемување во првите два работни дена оваа недела согласно Законот и Колективниот договор. Причините за доцнењето, како што наведоа од Култура, се поради усогласување на пресметките за плати со Министерството за финанасии.