Сеф со злато, пари и рачни часовицни во вредност од околу 50.000 евра е украден од домот на Фатмир Битиќи.
МВР информираше дека вчера претпладне пријавена е кражба од домот на Фатмир Битиќи, поранешен пратеник и екс-претседател на СДСМ.
-На 21.04.2025 во 11.40 часот во СВР Скопје, Ф.Б.(49) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.30 часот на 18.04.2025 до 03.00 часот на 21.04.2025, со употреба на сила и погоден алат било влезено во неговиот дом на подрачјето на Бутел во Скопје и биле одземени пари и други предмети, информира МВР.