Вести Македонија Топ вести

Наместо цртежот на препознатливата парламентарна зграда, Собранието наскоро со ново лого

Собранието ќе добие нов визуелен идентитет. Наместо цртежот на препознатливата парламентарна зграда, институцијата сега бара решение за ново лого.

Конкурсот за изработка на заштитен знак е објавен денеска, а од собраниската прес-служба потенцираат дека целта е да се модернизира идентитетот на законодавниот дом.

„Јавниот конкурс за изработка на заштитен знак е со цел законодавниот дом да го модернизира и изедначи својот институционален и визуелен идентитет преку изработка на заштитен знак, кој треба да ги одразува националните вредности и вредностите, мисијата и визијата на институцијата. Дизајнот на логото треба да биде уникатен и неупотребуван досега“, се наведува во соопштението на собраниската прес-служба.

Во огласот е наведено дека логото треба да биде придружено со детално објаснување на симболиката, вклучувајќи го значењето на секој елемент, боја и форма.

Текстот со називот на закондавниот дом треба да биде на македонски јазик, на албански и на англиски. Помеѓу условите е наведено и дека треба да се избегнуваат премногу трендовски, разиграни или лежерни стилови, а шемите на боите се препорачува да имаат институционална или национална симболика.

Секој учесник на конкурсот има право да поднесе најмногу до три идејни решенија за лого на Собранието. Предлозите ќе ги разгледува посебна комисија формирана од спикерот Гаши. Рокот за доставување на предлозите е 45 дена од денот на објавување на Јавниот конкурс.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ниту 2,15 милиони евра не му помогнаа на Јахоски да биде пуштен од притвор

Дејан Дејан

Ограбен домот на Битиќи: сеф со злато, 50 илјади евра и рачни часовници украдени од домот на поранешниот пратеник

Дејан Дејан

ЗНАМ најавува соработка со ВМРО-ДПМНЕ на претсојните локални избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе