Едно лице е повредено, според првичните информации, во пукање што се случило утрово пред хотел „Хилтон“ во Берлин во 04:45 часот. Засега не е познато колку истрели биле испукани или што го поттикнало инцидентот, објави германскиот весник „Билд“. Наводно се трага по најмалку двајца осомничени.
„Можеме да потврдиме дека е пукано пред хотелот. Наводно, едно лице е погодено во прст. Истрагата за околностите и позадината на инцидентот е во тек. Засега не е познато дали некој е уапсен”, изјави портпаролот на полицискиот оперативен центар во Берлин.
Полицијата го истражуваше местото на настанот до раните утрински часови на Велигден, а областа околу местото на инцидентот беше оградена и затворена за минувачите.