Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека Киев ќе го почитува најавеното велигденско примирје под услов истото навистина да го направи и Москва. Претходно рускиот претседател Владимир Путин повика на прекин на воените дејствија за време на празникот Велигден.
„Ако навистина дојде до целосен прекин на огнот, Украина предлага тој да се продолжи и по Велигден, 20 април. Тоа ќе ги открие вистинските намери на Русија – затоа што 30 часа се доволни за да се влезе во вестите, но не и за вистински мерки за градење доверба. Триесет дена може да му дадат шанса на мирот“, напиша Зеленски преку објава на социјалната мрежа „Х“.
Зеленски потенцираше дека мирот не треба да остане само на зборови туку треба да се примени и со конкретни дејствија. Тој нагласи дека продолжување на руските напади укажува на спротивното.