Вести Свет

Москва и Киев разменија воени заробеници пред Велигден

Русија и Украина денеска на Велика сабота повторно разменија воени заробеници. Вкупно 246 руски и украински војници се разменети на неодредена локација на границата со Белорусија, соопшти Министерството за одбрана во Москва.

„Дополнително, како гест на добра волја, разменети се 31 ранет воен затвореник за 15 ранети руски војници на кои итно им е потребна медицинска помош“, се вели во соопштението на руското МНР.

Во размената посредувале Обединетите Арапски Емирати. Русија и Украина од почетокот на конфликтот повеќепати разменуваа воени заробеници. Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, 4.552 украински војници успеале да се вратат дома на овој начин. На Велики петок, Украина и Русија разменија стотици тела на загинати војници.

Украинската страна презеде 909 тела, според податоците на персоналот одговорен за работи на воени заробеници во Киев. Војниците наводно биле убиени во борбите во регионите Доњецк, Луганск, Запорожје, Суми и Харков. Некои беа донесени од мртовечници во Русија. За возврат, руската страна ги доби посмртните останки на 41 свој војник. Размената се одвиваше со посредство на Меѓународниот Црвен крст.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски прифати примирје и предложи тоа да се продолжи и по Велигден

Дејан Дејан

Ахмети: Таравари всушност сфатил дека позициите на Албанците во власта се понижувачки

Дејан Дејан

Арагчи: Преговорите со САД напредуваат добро, договорени нови средби следната недела

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе