Вести Македонија Топ вести

Културните работници во вторник на протестен Совет за платите – министерството тврди дека ќе ги добијат со зголемувањето

„Сузбивач на правата на вработените во културата“. Уметниците и културните работници од државните институции му доделија ваков епитет на министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Револтирани што за најголемиот христијански празник Велигден останаа без плата, од Синдикатот на културата закажаа протестен Совет во вторник, за во проширен состав пред портите на Култура јасно да го искажат своето незадоволство.

Најавуваат дека ќе водат и правна битка за работничките права.

После тоа, ќе преземеме други активности. Ќе се поднесат кривични пријави против директорите на институциите доколку направат неоснована преправка на платите којашто нема да биде во согласност со колективните договори. Членството на СКРМ ќе поднесе индивидуални тужби до институциите за неисплата на платите согласно колективните договори. Ќе се поднесат индивидуални тужби до институциите за парично побарување, за задоцнето исплаќање на платите за изминатите три години, порача Вера Атанасовска, Претседателка на СКРМ. 

Од Синдикатот препознаваат „игри“ при пресметките на платите, по одлуката на Министерството за култура и туризам од пред една недела, да ја исплатат платата без покачувањето од 8,5% предвидено со Колективниот договор – со цел парите да не доцнат, за потоа да се договараат.

Телма побара став од министерот Љутков, по најавите за протестен Совет на СКРМ.

Сѐ уште работат тимовите од Министерството за култура и туризам и Министерството за финансии, вели министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. 

Од Министерството за култура и туризам допрецизираа дека вработените ќе ги добијат своите плати со потребното зголемување, во првите два работни дена од следната недела.

Во меѓувреме, не само културните работници туку и други делови од јавниот сектор останаа без плата во законскиот рок. Доцна вчера им била исплатена само на вработените од центрите за социјална работа.

Но, без плата сѐ уште се и вработените во Економија, Пазарен инспекторат, како и инспекторатот за труд.

За ова реагираа од опозицијата со прашање – кој ќе сноси одговорност.

ДПМНЕ грубо и без грам совест го крши Законот за исплата на плати на сите вработени до петнаесетти во тековниот месец, за претходниот месец. Или за Владата на Мицкоски не важат законите или воопшто не им е грижа за работниците. Вработените во јавниот сектор заслужуваат да ја знаат вистината – зошто не им е исплатена платата и кој ќе сноси одговорност за тоа?!, вели Кристина Костова – Потпретседателка на СДСМ. 

Инаку, во јавниот сектор на оние вработени кои добија плата за март им се исплати без покачувањето од 12 отсто, кое требаше да им се пресмета согласно Општиот колективен договор.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Рим денес продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Дејан Дејан

Загинати 80 лица во американските напади врз Јемен

Дејан Дејан

Нови дигитални услуги на МВР достапни на интернет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе