Вести Свет Топ вести

Унгарскиот парламент денеска гласа за забрана на Прајд парадите

Унгарскиот парламент денеска треба да гласа за уставен амандман кој предвидува забрана на јавни собири на ЛГБТ+ заедницата, вклучително и Прајд парадите, што предизвика силни реакции кај здруженијата за човекови права и дел од меѓународната заедница.

Амандманот, поддржан од премиерот Виктор Орбан и партијата Фидес, ќе ѝ овозможи на државата употреба на технологија за препознавање лица за идентификација и евентуално санкционирање на учесниците.

Според владата, целта е „заштита на децата“, а амандманот ја потврдува уставната дефиниција на постоење на само два пола… Опозициската партија Моментум и активистите предупредуваат дека ова е опасен чекор кон авторитаризам и го споредуваат со политиките во Русија.

Илјадници граѓани протестираа изминатиот месец, а за денеска е најавено блокирање на зградата на парламентот.

Повеќе европски амбасади и ЕУ претставници ја осудија мерката, оценувајќи дека ја загрозува слободата на изразување и правото на мирен протест.

Здруженијата побараа ЕК итно да покрене постапка против Унгарија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина застреланиот странец во Штип, убиецот пробил полициска блокада на патарина, но е уапсен

Дејан Дејан

Променливо облачно со сонце и нестабилно – Временска прогноза за 10.5.2025

Дејан Дејан

Извршен увид по пукање со огнено оружје во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе