Вести Македонија Топ вести

Продолжуваат судењата против Мерко за незаконското поставување директори во повеќе училишта

Во Основниот суд во Струга денеска треба да продолжат судските процеси против градоначалникот Рамис Мерко за незаконско поставување директори во основни училишта во Општина Струга.

Во еден предмет се споени училиштата во Лабуништа, Радолишта, Подгорци, додека за училиштето во Велешта и за „Браќа Миладиновци“ во Струга се водат два одвоени предмети.

За случајот со училиштето „Зини Хани“ во Велешта, покрај Мерко уште четири лица се обвинети за злоупотреба на службата и фалсификување.

Според обвинението, покрај незаконското поставување на Егзона Шеј за директор, таа се товари и за фалсификување дипломи.

За предметот за ОУ „Браќа Миладиновци“ Мерко се товари за незаконско поставување на Албана Жута за в.д. директор и директор на училиштето иако не исполнувала услови, односно не била назначена од редот на вработените, немала положен испит за директор и соодветен сертификат за познавање англиски јазик.

Сведоците во овие случаи, кои според судечкиот судија Јордан Јованов, од неоправдани причини не се појавиле на претходните судења денеска треба да бидат спроведени со полициска асистенција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Караница за надзорната расправа за Кочани

Дејан Дејан

Калас: Кој ќе оди во Москва на Денот на победата, ќе сноси последици

Дејан Дејан

Албин Курти поднесе оставка на премиерската функција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе