Вести Свет Топ вести

Калас: Кој ќе оди во Москва на Денот на победата, ќе сноси последици

Европската Унија (ЕУ) најави последици за оние кои ќе присуствуваат на 9 мај во Москва, на Денот на победата, изјави шефицата на европската дипломатија, Каја Калас.

„Многу министри рекоа дека ЕУ сериозно го сфаќа патувањето во Москва на прославата на 9 мај. Оние кои ќе одат, ќе сносат последници“, изјави Калас на прес-конференција во Луксембург, по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Калас посебно нагласи дека Европската Унија бара ниту една земја-кандидат за членство во блокот не учествува на одбележувањето на 80-годишнината на Победата во Москва.

„Тоа јасно им ставивме до знаење“, додаде таа.

Запрашана од украинските новинари, дали лидерите на ЕУ планираат да отпатуваатво Киев на 9 мај, одговори дека апелира до претставниците на сите држави „што повеќе да одат во Украина за да ја изразат европската поддршка“. Нагласи и оти Брисел повикува таквите посети да бидат со конкретни ветувања за воена помош.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Рим денес продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Дејан Дејан

Загинати 80 лица во американските напади врз Јемен

Дејан Дејан

Нови дигитални услуги на МВР достапни на интернет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе