Вести Македонија Топ вести

Пресудата за Пајазити на увид пред Судски совет

Судскиот совет ќе изврши увид во пресудата за возачот Менсур Пајазити, кој во август во 2022 година ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска на пешачки премин во Тетово. Ваквата одлука доаѓа по острите реакции на семејството на Теодора и на јавноста за двегодишната затворска казна што беше изречена во повтореното судење во Основниот суд во Тетово.

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, потврди дека тие побарале увид во предметот и истакна дека ако се утврдат пропусти во постапката, тие ќе реагираат. Камбовски изјави дека Судскиот совет ќе ги разгледа сите случаи каде има сомневања за неправилности во судските пресуди.

Реакциите од јавноста беа силни, а премиерот Христијан Мицкоски јавно изрази згрозеност поради пресудата, истакнувајќи дека ова не е правдата која ја очекуваат граѓаните. Тој побара од Судскиот совет да ја преразгледа работата на судијата кој ја донел одлуката за казна од две години затвор за возачот, нагласувајќи дека таквата пресуда претставува „потфрлање на системот”.

Министерот за правда, Игор Филков, исто така, се приклучи на критиките, изјавувајќи дека реакцијата на јавноста е важен индикатор за слабиот интегритет на судскиот систем.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од кои институции Владата го собра вишокот на пари за да пораснат приходите во буџетот?

Дејан Дејан

Финансиска полиција „тресе“ на осум локации за тендери во болницата во Прилеп

Дејан Дејан

Голем број претставки до Народниот правобранител

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе