Вести Македонија Топ вести

Филипче бара социјадемократска агенда за проширување на ЕУ

Сеопфатна социјалдемократска агенда за процесот на проширување на ЕУ, е барањето кое лидерот на СДСМ, Венко Филипче, го испорача до сестрински партии на конференцијата на европските социјадемократи во Брисел, посветена на проширувањето.

Според него застојот во простапувањето не е техничко и административно прашање, туку има последици за демократските процеси во земјите-кандидати, со јакнење на авторитаризмот и крајнодесничарските сили.

За застојот на евроинтегративниот процес на земјава тој ја обвини и ВМРО-ДПМНЕ, а упати критика и до Европските народни партии што ја толерираат за тоа сестринската партија.

  • „Северна Македонија сега се соочува со бизирна ситуација со т.н. самонаметнато вето бидејќи новата влада одбива да ги спроведе потребните уставни измени со цел да продолжи со пристапните преговори. И покрај фактот дека десно ориентираната влада игра на картата на радикализациија на политичката ситуација, наштетувајќи му на кредибилитетот на пристапниот процес, не слушнав никаква критика од Европските народни партии, нејзините сестрински партии кон владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ“, рече Филипче.

На ваквите обвинувања од лидерот на СДСМ реагираше ВРМРО-ДПМНЕ од каде наведуваат дека е апсурдно за европска стратегија и достоинство да зборува партија која капитулирала пред секои услови и дозволила вметнување на билатерални прашања во европскиот процес.

  • „Ако денес сме заглавени во процесот, тоа е поради штетниот и непреговаран Договор од 2022 година, потпишан токму од СДС, без внатрешен консензус и спротивно на јавното мислење. Уставните измени не се закочени од ВМРО-ДПМНЕ, туку од недовербата на народот во процес што СДС го водеше без транспарентност, без одговори и со тајни додатоци“, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче во обраќањето на конференцијата за застојот на проширувањето на ЕУ од критика не го поштеди ниту поранешниот евркомесар за проширување Оливер Вархеи.

  • „За жал во изминатите години портфолиото за проширување беше во рацете на комесар кој беше многу близок пријател на премиерот Орбан. Дали тој ја имплементираше вистинската агенда?“, изјави Филипче.

Во контекст пак на бугарските барања до земјава, тој ја посочи Македонија како пример за недостаток на стратегија од страна на прогресивните сили за проширувањето, дозволувајќи со тоа билатерализација на пристапниот процес.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калас: Кој ќе оди во Москва на Денот на победата, ќе сноси последици

Дејан Дејан

Албин Курти поднесе оставка на премиерската функција

Дејан Дејан

Спротивставените изјави од Вашингтон сѐ уште ја брануваат глобалната трговија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе