Ракета на приватна европска воздухопловна компанија лансирана од Норвешка падна во морето по 30 секунди од нејзиното лансирање.
И покрај краткиот пробен лет, „Isar Aerospace“ соопшти дека успешно го завршил првиот пробен лет на својата орбитална ракета-носач со лансирање на својата ракета „Spectrum“ од островот Андоја во северна Норвешка.
Ракетата долга 28 метри е лансирно летало во две фази, специјално дизајнирано да носи мали и средни сателити во орбитата.
„Ова и овозможи на компанијата да собере значителен број податоци за летот и искуство за да ги примени во идните мисии“, се вели во соопштението.
Видеото од лансирањето покажува како ракетата полетува од подлогата, лета во воздух и потоа се враќа назад за да се сруши во морето во огнена експлозија.
„Нашиот прв пробен лет ги исполни сите наши очекувања, постигнувајќи голем успех“, рече во изјавата Даниел Мецлер, извршен директор и ко-основач на „Isar“. „Имавме чисто полетување, 30 секунди лет, па дури и моравме да го потврдиме нашиот систем за завршување на летот“.
Компанијата во голема мера ја отфрли можноста ракетата да стигне до орбитата на својот прв целосен лет, велејќи дека ќе смета дека лет од 30 секунди е успешен.
„Isar Aerospace“ има за цел да собере што е можно повеќе податоци и искуство на првиот интегриран тест на сите системи на неговата внатрешно развиена ракета-носач.