Државниот завод за ревизија утврди сериозни слабости во спроведувањето на инспекцискиот надзор во студентските домови и воспитно-образовните установи.
Недостатокот на редовни и вонредни инспекции, кадровските проблеми и неисполнувањето на препораките од претходни ревизии доведоа до намалена ефективност на контролните процеси и ризик за несоодветно функционирање на установите, се вели во ревизорскиот извештај.
Констатирано е дека последниот инспекциски надзор бил извршен во 2019 година, а не се извршени нови контроли до 2024 година.
Поради недостаток на инспектори и технички кадар, забележани се и неправилности во финансиското управување и користењето на службени возила. Ревизијата препорача имплементација на предложените мерки за подобрување на состојбите.