Вести Македонија Топ вести

МВР ја објави кривичната пријава со која е опфатен и екс премиерот Димитар Ковачевски

Министерството за внатрешни работи (МВР) во својата кривична пријава тврди дека поранешниот премиер Ковачевски сторил „злоупотреба на службената положба и овластување“, бидејќи ставил точка на владина седница, иако не било законски, ова се сомнежите на полицијата кои сè уште ги анализира обвинителството. Пријавата се однесува на владина седница одржана на Денот на жените пред две години кога било одлучено да се формира фирмата Нова државна Видео Лотарија, а екс премиерот се сомничи дека овозможил одговорните лица во таа фирма, противзаконски да заработат околу 140.000 евра.

„Третопријавениот Д.К., како претседател на Владата на Република Северна Македонија, по претходен договор со првопријавениот П.Б., на 08.03.2022 година ја ставил на дневен ред и усвоил постапка за основање на трговското друштво „Нова Државна Видео Лотарија – НОВО ВЛТ ДОО Скопје“, иако знаел дека материјалите не се разгледуваат на седница согласно Деловодникот за работа на Владата (член 68 став 1)“, соопшти МВР.

Со пријавата Груби е осомничен за дело „злоупотреба на јавен повик или јавна набавка“, а полицијата тврди дека пред да се донесе владина одлука за формирањето на НОВО ВЛТ лажно тврдел дека има финансиско мислење кое одобрува отварање на Новата лотарија.

„Второпријавениот А.Г., како министер во Владата на Република Северна Македонија, со цел да го прикрие кривичното дело на првопријавениот П.Б., изјавил дека има позитивно мислење од Министерството за финансии за основање на трговското друштво „Нова Државна Видео Лотарија – НОВО ВЛТ ДОО Скопје“, иако знаел дека такво мислење не постои. Дополнително, А.Г., како прв заменик на претседателот на Владата, ја водел седницата и ја ставил на дневен ред и ги усвоил информациите без прибавено мислење од Министерството за финансии и Секретаријатот за законодавство“, се вели во соопштението на МВР. 

КОД и Телма веќе неколкупати го објавија мислењето со кое Министерството за финансии дава дозвола за формирање на НОВО ВЛТ, на него не се гледа јасен датум, но стои година 2022-ра. Но,  сега МВР тврди дека такво мислење немало во периодот кога се носела одлуката и дека Груби ги лажел колегите министри.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Братот на градоначалникот Стефковски „отрчал“ во станица за да плати казна за пребрзо возење на Велигден, Тошковски најави кривични за началник кој наредил полицаец да пише казна на друг човек

Дејан Дејан

Затемнување во Шпанија и Португалија- прогласена вонредна состојба откако двете држави останаа без струја

Дејан Дејан

Османи: Оваа влада нема интерес да го продолжи процесот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе