Вести Македонија Топ вести

Запалена канцеларија на Адвокатската комора чиј претседател е Љубомир Михајловски-Џанго

Среде ноќ запалена канцеларија на Адвокатската комора на РМ. Информацијата ја потврдија и од МВР.

– Денеска (25.11.2024) во 03.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Шаторов Шарло“ на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил опожарен стан – деловен простор на Адвокатската комора на РСМ. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, инфомрираа од полицијата.

Увидот е во тек и го вршат увидна екипа од СВР Скопје, Одделот за форензички испитувања при МВР и јавен обвинител.

Адвокатската Комора се пресели во новата зграда во Порта Аеродром каде ноќеска се случил пожарот. Во тек е увид за да се утврдат причините за пожарот. Има информации за штета која допрва ќе се утврдува.

Претседател на Комората е Љубомир Михајловски-Џанго кој беше и поранешен министер за внатрешни работи до 2006-та година. Во запалениот простор се наоѓала и канцеларијата на Михајловски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска е осомничена за оддавање на службена тајна

Дејан Дејан

Ивановска: Собранието ги избира членовите на ДКСК и тоа треба да го зајакне надзорот

Дејан Дејан

Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе