Вести Македонија Топ вести

Уставни измени ќе има во декември, најави Таравари во Вин-Вин

Таравари за Фон дер Лајен изјави дека „Многу се јасни пораките од  Фон дер Лајен, кои мислам дека порано требаше да дојдат. Друго е кога ќе дојде првиот човек на ЕК. Пораката беше јасна ние сме добредојдени да ги започнеме преговорите, но условот е тој да ги направиме измените во Уставот, многу легитимно од премиерот кој бара гаранции. Не се даваат гаранции од 2018 и 2019 година, потребни ни се посериозни гаранции.“

„Сто проценти гаранции и да има не се сигурни, ја мислам Македонија по сите пропусти кои ги направи во минатите 30 години најпрвин со Грција, сега со Бугарија, Македонија заслужува потврда од Брисел и Вашингтон да не се бара нешто додатно, и мислам дека заслужуваме по 2018 година, да имаме 100 процентна увереност во Владата. Бидејќи релативно е стабилна Владата со добро мнозинство, доколку имавме во Бугарија една стабилна Влада како во Македонија веќе ќе беа започнати преговорите заедно со Албанија“ изјави Таравари.

  • „Ајде да бидеме искрени до крај, воoпшто проблемот не е дали Бугарите ќе бидат во Уставот, ние бевме за Египќаните и Хрватите да бидат во преамбулата, пречката е историскиот проблем помеѓу Бугарија и Македонија. И тука е целата работа која не оди како што треба и оневозможува преговорите да се случат. Јас мислам дека по изборите во Бугарија и САД, ќе се изнајде решение кое ќе биде излез на Македонија од овој ќорсокак. Јас мислам дека од декември ќе ги започнеме уставните измени“ потенцираше Таравари. 

Тој додаде „Најголемиот страв за мене како политичар во изборите пред 24 април и 8 мај да не ни се повтори Букурешт, да не ни се повтори 2008 година, а сега мојата интуиција, сигурен сум дека господинот Мицкоски е западноориентиран, и тој сака да изнајде решение и е доста заинтересиран Македонија да не остане во групата со БиХ и Косово.“

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Мицкоски: Незадоволни сме од Коцевски, логичен след на настаните е негова смена

Дејан Дејан

Општина Аеродром ги ослободува од комуналии сите млади до 35 години кои имаат план да го градат својот прв дом

Дејан Дејан

Мицкоски: Претседател на суд има плата од 180.000 денари, што мислам дека е малку многу, а просечната плата во државата е 45.000 денари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе