Вести Македонија

Прв уписен ден на УКИМ

Најголем број слободни места и најголем интерес кај идните студенти и оваа година бележи Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-(ФИНКИ). Големиот интерес се должи на популарноста на професијата и можноста за унапредување во истата, вели деканот Јакимовски, современи студиски програми, но и можност квалитетните студенти да бидат вработени навремено и нивниот труд да биде соодветно вреднуван не само кај нас, туку и во светски рамки.

Различни профили на професии, но сите со иста надеж, дека нивните соништа да го  студираат тоа што го сакаат ќе биде реалност и опкружување кое вистински ќе ги вреднува нивните квалитети според јасни критериуми.

Според Конкурсот кој УКИМ го објави во јуни, како и во минатите години, најголем број слободни места има на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ (1020), Природно-математичкиот факултет-ПМФ (1030), Филозофскиот со 895 места, Филолошкиот факултет со 790, Правниот со 705 и Економскиот факултет со 700 слободни места.

Резултатите од првиот уписен рок на УКИМ ќе бидат објавени на 3 септември, конечната ранг-листа на 6 септември и на 11 и 12 септември ќе биде запишувањето на примените кандидати. Вториот уписен рок на Скопскиот универзитет е на 17 и 18 септември и третиот на 27 септември 2024.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СЈО денеска треба  да се произнесе по предлогот на Владата за разрешување на Коцевски

Дејан Дејан

Изгласани измените за забрана за употреба на пиротехника во затворен простор

Дејан Дејан

Обилните дождови ја излеаja Маркова Река

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе