Вести Македонија Топ вести

На хартија се во Шутка, при контрола на Управата за санкции констатирано – 13 затвореници фалат

При вонредна контрола на затворот Шукта на инспектори на Управата за санкции утврдени се низа нерегуларности. Од Управата за Телма велат дека дури 13 затвореници биле надвор од затворот и не биле затекнати во своите келии.

По извршени телефонски разговори со нив 12 од нив веднаш се вратиле во изтражниот затвор, а еден затвореник е недостапен и за овој случај е информирано МВР.

Директорот на Управата, Александар Пандов, за Телма вели дека во иднина многу почесто ќе се вршат вакви контроли со цел да се стави ред во работењето.

Вели загрижува фактот што овие лица кои треба да издржуваат казна затвор, а не се во своите келии, може да бидат сторители и на други кривични дела и притоа да имаат алиби и да не одговараат за нив.

Додава дека ова не е прв ваков случај но дека ќе се постапува одлучно со цел ваквата пракса да се искорени.

Неодамна екс шефицата на СЈО Катица Јанева која користеше опција да излегува од затворот со цел да биде работно ангажирана не беше пронајдена на работното место, канзцеларијата на нејзиниот син Лазар Јанев, и повторно беше упатена на издржување на затворската казна.

Нејзиниот син тогаш тврдеше дека таа во тој момент била да купи храна, а канцеларијата била затворена бидејќи тој бил работно отсутен.

Катица Јанева е осудена на седум годишна затворска казна во случајот „Рекет“ и веќе има отслужено една третина од казната.

За сите неправилноти кои биле забележани за време на инспекциската контрола, Управата најави детали за понеделник.

Екс специјалната обвинителка Катица Јанева на празничен викенд надвор од затворот Идризово

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Путин согласни за крај на војната во Украина

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Tелефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп траел два часа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе