Вести Економија Македонија Топ вести

СДСМ бара детали за британскиот заем пред да биде ратификуван договорот

Опозицијата бара повеќе детали за условите под кои ќе се земат шесте милијарди евра заем од Обединетото Кралство, власта вели дека сеуште се преговараат детали и се ќе биде познато набрзо и нагласуваат дека станува збор за најдобри услови кои може Македонија да ги добие во моментов.

Лидерот на најголемата опозициска партија СДСМ, Венко Филипче, најави дека партијата ќе го поддржи ратификувањето на стратешкиот договор за соработка и побара од власта да и соопшти на јавноста и колку изнесува каматата пред да се потпише договорот.

Според Филипче во овој тип на заеми ризикот е што нема транспарентност и контролни механизми при трошењето на парите. Тој нагласи дека Владата мора да се фокусира на преговорите од ЕУ бидејќи токму од Унијата може да се повлечат и поголеми суми на пари како неповратни грантови без да се плаќа камата како што е во случајот со британскиот и унгарскиот заем.

Има многу отворени прашања. Огромна сума на пари. Шест милијарди евра е сума кој го надминува нашиот Буџет. Прво прашање е кое е потеклото на парите? Дали парите се британски и директно од британската Влада или станува збор за фонд кој е лоциран во Обединетото Кралство а располага со пари од друга држава. Второто прашање е колкава е камата. Се бара заем од неколку милијарди со огромни или какви и да се камати а притоа на европскиот пат кој оваа Влада го блокира може да стигнеме до грантови, неповратни средства за истите тие проекти за кои се земаат тие милијарди. Извинете тоа е антиевропски и непатриотски, рече филипче.

Премиерот Мицкоски без нови детали за условите во договорот за заем на шесте милијарди од Обединетото Кралство и вели дека тие во моментов се преговараат а јавноста ќе биде запознаен откако ќе се потпише.

Ќе се мултиплицираат придобивките и јас сум убеден дека од сето ова ќе имаме еден трансформационен период кога станува збор за државата бидејќи ова се трансформациони проекти кои имаат за цел да додадат вредност не само во квалитетот на животот на граѓаните туку и генерално во македонската економија. Сите овие параметри се преговараат. Во тек се преговорите. Вклучени се тимови од мојот кабинет и министерствата за здравство, транспорт и финансии, рече премиерот.

Модернизирање на Коридорот 10 и зголемување на брзината на проток на стока и патници, изградба на Клинички центар и медицински факлутет во Штип, нова болница во Кичево и модернизација на Тетовската болница се проектите кои Владата ги најави со парите од британскиот заем а најавува дека овие пари ќе се користат и за други проекти во други инфраструктурата и енергетиката.

Договорот за стратешко партнерство, според најавите ќе биде потпишан неделава во Лондон а потпис од македонска страна ќе стави вицепремиерот Александар Николоски.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ребаланс: Владата ќе троши повеќе пари, но планира и повеќе да собере во буџетот

Дејан Дејан

Повеќе ќе трошиме, повеќе и ќе собираме – финансии предлага избалансиран ребаланс на буџетот

Дејан Дејан

Клековски: Очекуваме експерт за ампутации од Словенија за повредените во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе