Вести Македонија Топ вести

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Вo вечерашната Топ Тема деба со универзитетските професори Сефер Тахири и Самоил Малчески и политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски.

Професорот Сефер Тахири е на ставот дека ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување.

„Пред парламентарните избори во дуел со Бујар Османи, Таравари откри можеби  јавна тајна дека постои документ дека сите политички партии на Албанците се потпишани односно лидерите, дека услов за влез во владата ќе биде евроинтеграцискиот процес, односно македонската политичка страна да ги прифати условите за уставни измени, односно влегувањето на бугарската заедница во уставот како патоказ за евроинтеграциите. Тоа не се случи. Таравари се обидуваше тоа го релативизираше, но притисокот од јавноста и дел од медиумите беше прилично свртен кон него, бидејќи другите лидери на коалициските партии немаа такви децидни изјави“ рече универзитетскиот професор Сефер Тахири. 

Додека универзитетскиот професор Самоил Малчески рече дека клучната причина за ваквиот исход се внатрешните односи во самата коалиција, кадешто тоа Таравари не успеал да се наметне како лидер, туку останал во сенката на Меџити кој стана прв вицепремиер.

Аналитичарот Благојче Атанасовски во вечерашната Топ Тема додаде  имаме специфична ситуација каде една политичка партија оди од власт во опозиција, а поводот не може да се насети.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел и Иран ги интензивираа меѓусебните напади

Дејан Дејан

Ги имало многу, материјалните трошоци се зголемиле, а 27 години работеле со фиксни тарифи – нотарите бараат покачување на цената за основните заверки

Дејан Дејан

(Видео) Шише заврши во глава на советничка – спречена тепачка на седница на советот на Општина Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе