Вести Македонија Топ вести

Жирафата Флопи починала од рак на црниот дроб и метастази на белите дробови – стигнаа резултатите од обдукцијата

Малиген тумор на црниот дроб и метастази на белите дробови се причините за угинувањето на жирафата Флопи, велат официјалните резултати од обдукцијата што денеска ги доби скопската Зоолошка градина.

„Врз основа на патохистолошкиот наод, како и негативниот микробиолошки и молекуларен наод, од Факултетот за ветеринарна медицина добивме заклучок дека Флопи угинал како резултат на малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови. За жал оваа болест е најфаталната на 21 век, од која како и луѓето, страдаат и многу животни. Ракот на црниот дроб се смета за „тивок убиец“, а кај Флопи веќе метастазирал и во белите дробови како еден вид на агресивен карцином. Дури и кај луѓето, овој тип на карцином многу ретко може да се дијагностицира во рана фаза“, се вели во соопштението на ЗОО Скопје врз основа на обдукцијата што ја направи Ветеринарниот институт.  

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе