Вести Македонија Топ вести

Ковачевски тврди дека Миликије Халими дипломирала, на Фејсбук таа студирала Педагошки факултет

Ковачевски во одбрана на изборот на Миликије Халими. Таа е избрана со универитетска диплома. Но, освен наводите на социјалната мрежа Фејсбук дека студирала Педагошки факултет, друга потврда нема. Хакими во Царина работеше како инспектор со средно медицинско.

Назначувањето на поранешната градоначалничка на општина Арачиново за директорка предизвика лавина реакции, главно поради нејзиното несоодветно образование и брзото кариерно напредување. Минатата година, со завршено средно медицинско училиште беше назначена за инспекторка во Царинската управа.

Пред неколку дена, таа самата ја објави веста дека ќе раководи со Аеродроми. Во нејзините биографски податоци навела дека студирала на Педагошкиот факултет, но не и кога диплинмирала. Опозциијата со реакција дека на Хакими не и е местото во А.Д. Аеродроми на Македонија.

Градоначалничка, апанажа, инспекторка во Царина и сега директорка на акционерското друштво Аеродроми на Македонија. Вртоглавата и разнолика кариера на Миликије Халими од Арачиново не запира.

Но, додека таа како истурен кадар на владејчката партија СДСМ јавно се заблагодарува на довербата на матичната партија, јавноста бара одговори кои се професионалните квалитетит на познатата арачиновка?

До сега е познато дека Хакими општина Арачиново ја водеше со стручно медицинско средно образование. Со истата диплома ја победи конкуренцијата во Царина и стана инспекторка минатиот септември. За промена, овој пат владата и ги доверува аеродромите заради универзитетскта диплома. Но, каква и самиот премиер или не открива или не знае.

Но, ако Ковачевски не знае или молчи, Фејсбук открива. На личниот профил на Хакими во првата реченица во делот за нејзините информации пишува дека таа студирала на Педагошкиот факултет во Скопје.

Но, дали и кога дипломирала не се наведени информации. Па, така и да се потврди дека таа поседува универзтитеска диплома, А.Д. Аеродроми на Македонија ќе ги води лице кое е стручно за едукација и развој на деца.

Халими седнува во фотељата на Трајче Ангеловски, кој, пак, во меѓувреме додека урпавуваше со ова акциоенрски друштво продаде две неизградени фотонапонски електроцентрали на етаблирани фирми во македонскиот бизни, со неговиот партнер исто од Крива Паланка.

Ангеловски е невпечатлив во јавноста за ралика од Халими, која за време на изборната кампања го угости тогашниот лидер на СДСМ Зоран Заев со домашна баклава на сред село. Скандалите следеа потоа, а таа заработи прекршочна пријава и 700 евра казна затоа што службеното возило го отстапила на малолетно лица. Опозицијата бурно се споротиставува на изборот на Хакими со тврдење дека таа не е квалификувана за управување со меѓународните и спортски аеродроми.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уништен е Прстенот на рибарот: Симболот и значењето на на папската власт кај Папа Франциск

Дејан Дејан

Ниту 2,15 милиони евра не му помогнаа на Јахоски да биде пуштен од притвор

Дејан Дејан

Ограбен домот на Битиќи: сеф со злато, 50 илјади евра и рачни часовници украдени од домот на поранешниот пратеник

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе