Вести Економија Топ вести

Нема горна граница колку часови неделно ќе работат работниците на Бехтел и Енка, Министерството допрва ќе ја утврдува

Министерството за труд и социјална политика утврдува горна граница за работното време на работниците кои ќе бидат ангажирани на прокетот „Бехтел и Енка“.

Предлогот што е даден во Собранието не ја утврдува горната граница. И затоа разговаравме со предлагачите на законот, со пратениците, за да се утврди горната граница, да се знае колку најмногу може. Не значи дека толку ќе биде работното време. Разговаравме и ќе видиме. Уште ќе разговараме. Секако дека ќе донесеме закон кој што ќе ги штити правата на работниците, меѓутоа на оној работник кој што сака да работи прекувремено, да му биде платено прекувременото, а сепак да биде во рамки на законот, рече министерката Јована Тренчевска.

А за тоа работнците ќе потпишуваат работни догворот според кои сами ќе одлучуваат дали ќе работат дополнителни часови кои ќе им бидат платени, вели ексклузивно за Телма министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Ако сакаме брзо да градиме, ако сакаме да изградиме за пократок временски период, треба да има прекувремена работа. Што е најважно, прекиврементата работа ќе биде платена, и секој работник ќе даде писмена согласност дека сака да работи прекувремена работа. Без писмена согласност на работникот никој не може да работи повеќе од она што е во моментов предвидено во Законот за работни односи, рече тренчевска.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски: Се надеваме дека за краток период ќе се затвори истрагата за пожарот во Кочани

Дејан Дејан

„Алчноста ни ги уби децата“ – Нов марш за правда за жртвите во пожарот во Кочани. Семејствата незадоволни од истрагата

Дејан Дејан

Доларот во пад додека реципрочните царини меѓу Кина и САД без епилог

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе