Вести Македонија Топ вести

„Празнење“ на просторите од Вардар до Триглав: Поранешна Југославија загуби 3,5 милиони луѓе од 1991 година

На просторот на поранешна Југославија, од Вардар до Триглав, денеска живеат околу 3,5 милиони луѓе помалку за разлика од 1991 година, кога почна крвавиот распад на федерацијата, покажуваат резултатите од досега спроведените пописи на населението.

Најголемо губење на населението е забележан во БиХ во која денеска, според проценките на тамошниот завод за статистика, живеат дури четвртина луѓе помалку во однос на почетокот на граѓанската војна.

Резултатите од најновиот попис на населението во Македонија покажуваат дека земјава загубија околу 10 отсто од населението за разлика од 1991 година, идентично како и во Косово.

Србија е посиромашна за 1,192,237 луѓе во однос на 1991 година, а во Хрватска денеска живеат една петтина помалку жители.

Иако во Словенија се бележат раст на популацијата за седум отсто, демографите тој податок го толкуваат со податокот дека со децении во неа емигрира висококвалификувана, но и неквалификувана работна сила од останатите поранешни југословенски републики.

„Во моментот, во сите републики на поранешна СФРЈ повеќе луѓе умираат одошто се раѓаат. Во Црна Гора, во Македонија и во Словенија, природниот прираст во последната деценија воглавно се движеше околу нула“, вели, меѓу другото,  Александар Кнежевиќ, вонреден професор на Географскиот факултет во Белград.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кандидатот на крајната десница Џорџ Симион води во првиот круг од претседателските избори во Романија

Дејан Дејан

Нетанјаху најави одмазда на Хутитe откако тие испалија ракета кон израелскиот аеродром

Дејан Дејан

Отсечен прст на киднапиран маж од напаѓачи кои барале неговиот син крипто-милионер да плати откуп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе