Вести Македонија Топ вести

Корупција имаше и досега, но надлежните допрва најавуваат резултати

Меѓународната заедница јасно посочува дека има проблем со корупцијата – домашните институции гледаат проблем, но одговорноста за сузбивањето со корупцијата ја лоцираат во соседниот двор или најавуваат резултати во наредниот период.

Претседателот на советот на јавни обивнители, Антонио Јолевски тврди дека обвинителите и досега воделе борба со корупцијата, но недоволната транспарентност ги засенила постигнувањата. За незадоволните резултати, Јолевски одговара дека нема доволно обвинители. Признава дека има проблем со корупцијата и треба поенергична борба, но надежта ја гледа во новоизбраниот шеф на обвинителството за организиран криминал и корупција. Токму првата критика од амбасадорката на САД беше изборот на Абази кој го нарече збунувачки.

-Не треба нас само од странство да ни кажат. Сметам дека тоа обвинителство ќе треба сега, кога има веќе има шеф, да започне поинтензивно да работи на тие предмети, изјави Јолевски

Новоизбраната претседателка на судскиот совет, Весна Дамева е веќе три години член на советот, но и таа најавува реузлтати во наредниот период. Признава дека до сега судскиот совет има донесено само една одлука за разрешување на судија поради коруптивни дејствија и тоа поодамна. За да може да се постапува на Судскиот совет му се потребни докази и факти, а во тоа мора да помогнат и граѓаните бидејќи вели дека странките се тие кои може да кажат дали одреден судија примил мито посочи Дамева

И за невладините кои работат на реформите во правосудството, состојбата јасно ги посочува проблематичните јазови кои прават застој.

-Oчигледно е дека се очекува многу посеопфатно да се бори државата со овој проблем од она што е во моментов. Ние немаме доволно бројки на високопрофилирани случаи на корупција, честопати и затајуваат во процесите и во однос на должината и се очекува јасно дека оваа пракса треба да се промени, изјави Симонида Кацарска, директор на Институт за европска политика.

-Тоа е еден од проблемите што ниту една институција не сака да преземе одговорност и што проблемите за корупција секогаш ги гледа како екстерни фактори кои доаѓаат од надвор и неминовно влијаат врз нив. Менталитетот дека ние правиме се како што треба, меѓутоа имаме проблеми кои влијаат од надвор и на кои не можеме да влијаеме е тоа што нè спречува вистински да ги адресираме проблемите, изјави Дарко Аврамовски, директор на Коалицијата “Сите За правично судење”

Шесте невладини организации кои се дел од „Блупринт групата“ со претставници од правосудството денеска анализира што е спроведено од досегашната петгодишна стратегија за реформа во правосудството, а што ќе остане како задолжително за новата стратегија од 2023-та.  Генерална оценка е дека предвидените мерки се делумно спроведени, но претстојат уште многу чекори до исполнување на стратешките цели на државата кои ќе бидат предвидени во следната Стратегија за реформа на правосудниот сектор.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рама бара нова победа, Бериша сака камбек, Мета од притвор- избори во Албанија, македонскиот кандидат со владеачката коалиција

Дејан Дејан

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на улична трка

Дејан Дејан

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе