Вести Македонија

Калајџиев за Телма: Интервенцијата на државниот обвинител најверојатно е по нарачка, Русковска има некому стапнато на „жуљ“

– Ние сме имале и поголеми пропусти во обвинителството поврзани со надлежноста, општо познато е дека постапувале обвинители што воопшто не се реизбрани со години, нивниот легитимитет е многу попроблематичен од овој дали процесно по една иста линија да речам на надлежност постапува еден или друг обвинител. Во принцип имаме флексибилност во обвинителството од опортуни причини, презафатеност на пример, дури и овие што се во тоа одделение. Процесниот дел не се работи што би ги санкционирал ниту судот и што се многу чудни за вакви санкции и вакви квалификации, повеќе би рекол на политички план, вели професорот Гордан Калајџиев.

Според него поголема грешка на Вилма што сега не се спомнува,  нејзиниот повик до странските амбасади кој што значеше дека системот е растурен дека нема доверба во повисокиот обвинител и повикува на помош од страна.

– Во принцип таквиот чекор беше очајнички, мислам дека и самата обвинителка веројатно со време ќе се покае за ова бидејќи не доликува ако си обвинител, ако не можеш да се бориш или да си ја извршиш функцијата, било која функција да ја имате, особено не ваква одговорна функција и захтевна ред е да поднесете оставка. Мој впечаток е дека таа има стапнато на жуљ на некого и дека ваквата усилена интервенција на државниот обвинител е практично по нарачка, вели Калајџиев.

Калајџиев за Телма: Оставката на Муареми е неочекувана во момент кога Републичкиот обвинител шутнал пенал во негова полза

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски задоволен од склучениот договор за минерали со САД

Дејан Дејан

Според ИНСТАТ на аеродромот во Тирана во првиот квартал од годинава регистрирани се  2 милиони патници

Дејан Дејан

САД инвестираат 500 милиони долари за универзални вакцини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе