Вести Македонија Најважни

Кичевецот суспектен на Мајмунски сипаници не избегал од болницата, земен му е примерок за тестирање и се чекаат резултатите

Директорот на кичевската болница Станко Трпески за Телма вели дека е неточна информацијата за бегство на пациентот сомнителен на мајмунски сипаници. Потврдува дека бил тежок за соработка со медицинските екипи, но целата процедура е запазена за да се утврди точна дијагноза со тестови за вирусот. Не бил хоспитализиран во болница, а имал изразени симптоми по неколкунеделен престој во странство.

Институтот за јавно здравје соопшти дека од пациентот веќе бил земен примерокт за тестирање на сомнителен случај на мајмунски сипаници. Според нив, пациентот е во добра здравствена состојба и нема потреба од хоспитализација.

Пациентот е лоциран. Контактиран е од надлежниот епидемиолог во Битола и првичната епидемиолошка анкета е завршена. Имаме достапни тестови и во ИЈЗ треба да имаме одговор дали се работи за мајмунски сипаници, изјави Петличковски.

Претседателот на Комисијата за заразни болести додаде дека се направени првични лабораториски анализи, а Комисијата попладнево ќе одржи состанок за состојбата со мајмунските сипаници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на улична трка

Дејан Дејан

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Дејан Дејан

Променливо облачно со сончеви периоди – Временска прогноза за 12.5.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе