Вести Македонија

Мехмети: Некоректно е да се оспори процесот на попишување

Политичкиот аналитичар Ибрахим Мехмети ги отфрли обвинувањата на опозициските партии за некоректноста на пописот. Во вечерашната Топ Тема на Телма, Мехмети рече дека добил впечаток оти ни самите тие не веруваат во аргументите кои ги изнесуваат.

Да се оспори процесот мислам дека е некоректно, ако имаме в предвид дека беше презентирано дека методологијата беше оценета како кредибилна по меѓународните стандарди. Ако сакаме да бидеме вистинска држава треба малку да ги спуштиме овие топки затоа што ова создава сомнеж и после се чудиме зошто кај граѓаните има недоверба, особено за вакви етнички чувствителни прашања, рече Мехмети.

Додаде дека покрај политичките прашања, од резултатите од пописот треба да се фокусираме на неколку други прашања, меѓу кои зошто населението толку се намалува и зошто населението старее.

За тоа можеме да зборуваме како јавност, но да кажеме дека не бил исправен, не бил коректен, тогаш за тоа треба да има основа, и мислам дека тоа е повеќе политизирање кое им користи само на политичките партии за собирање политички поени, оцени Мехмети.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Османи: Оваа влада нема интерес да го продолжи процесот

Дејан Дејан

Наместо на споменик, почит за убиените кај Вејце се оддава пред табла со слики и имиња која се зема после церемонијата за да не биде уништена

Дејан Дејан

Пациентите со хемофилија во страв дека нема да ја продолжат терапијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе