Вести Свет Топ вести

Украина: Странските државјани кои ќе се борат ќе можат да добијат државјанство

Заменик украинскиот министер за внатрешни работи Јевхен Џенин изјави дека странските државјани кои доброволно ќе се борат за Украина ќе имаат право на украинско државјанство, пренесе украинската национална новинска агенција Укринформ.

„Украина формира меѓународна легија за територијална одбрана составена од странци кои сакаат да се приклучат на отпорот против руските агресори и да ја одбранат глобалната безбедност“, објави Укринформ.

Чекаат 16.000 борци

„Овие луѓе ќе потпишат договор, ќе добијат воен пасош, кој потоа ќе им ја замени дозволата за престој. Во иднина, ако некој од овие странски државјани сака да стане украински државјанин, нашето законодавство ќе му го дозволи тоа“, рече Џенин.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе