На Москва и треба време да го разгледа одговорот од САД на големите безбедносни барања на Русија. Од Кремљ велат во интерес и на Москва и на Вашингтон дијалогот да продолжи, но забелешките на САД и НАТО дека главните барања на Русија се неприфатливи, оставаат малку простор за оптимизам.
- Овие два документиги разгледуваме како целина, со оглед дека станува збор за реакција на нацрт-догово кој го постигнавме во декември. После меѓуресорска координација, ние ќе го известиме претседателот и тој ќе донесе одлука за нашите следни чекори- Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.
САД го отфрлија барањето на Русија да и се забрани на Украина влез во НАТО, поради заканите од можна руска инвазија. Украина го поздрави ставот на САД и НАТО да не прават отстапки кон Русија среде дипломатски обиди да се намалат тензиите и заканите за војна, но земјата е оставена сама на себе.
- Морам да кажам дека според мое мислење Украина нема за што да се грижи во овие преговори, а Западот останува консолидиран во својот одговор на руските барања. Изгледа дека Западот нема да пошушти пред руските барања и ќе ја остави Украина на милост и немилост на Русија и можната руска инвазија- Петро Буковски, политички аналитичар.
За европскиот мир не може да се преговара, децидна денеска шефицата на германската дипломатија Анела Бирбок, која потенцираше дека се подготвува остар пакет санкции за Русија, вклучително и запирање на Северен тек 2. Додека Гермнија отстапи од испраќање вооружување на Украина, Француската министерка за одбрана Флоренс Парли денеска за време на посетата на Романија разговараше за испраќање оружје и трупи во оваа соседна држава на Украина. Кремљ пак објави дека Путин ја прифатил поканата на Ердоган наскоро да ја посети Турција, земја членска на НАТО.
Билјана Ставрова