Вести Свет Топ вести

Тенковите на руската војска или дипломатите, кој побрзо ќе донесе деескалација

Тешка мобилна артилерија, редици тенкови и војници вооружени до заби, ова е снимката која денеска ја објави руското министерство за одбрана. Конвоите се движат кон полигоните на југоисточниот регион Ростов, кој граничи со украинските региони Доњецк и Луганск. Во соопштението е наведено дека 150-тата моторизирана стрелачка дивизија е на готовс. Последнава недела Русија стационираше околу 100.000 војници на украинската граница, ги премести трупите од Сибир и Далечниот исток на заеднички вежби со сојузникот Белорусија, која исто така граничи со Украина.

  • Бројот на руските трупи стационирани долж границата со Украина и на окупираните територии во Украина е голем. Тоа е претставува закана за Украина, директна закана за Украина. Меѓутоа, во овој момент, додека зборувам, овој број е недоволен за целосна офанзива на Украина долж нејзината граница- Дмитро Кулеба, министер за надворешни работи на Украина.

Советниците на претседателите на Русија, Украина, Франција и Германија, во т.н. „нормандиски формат“ во потрага по дипломатско решение за деескалација на ситуацијата се сообраа во Париз.

  • Ме прашавте, кои се целите на телефонскиот разговор кој ќе се одржи меѓу претседателите Макрон и Путин во петок наутро. Прво, секако тоа е водење дијалог. Секогаш бевме јасни во врска со тоа. Тој дијалог мора да се води, тоа очигледно е еден од условите за деескалација, кој во истовреме не не спречува да работиме на санкциите- Габриел Атал, портпарол на француската влада.

Русија ги чека одговорите на нивните барања, кои Лавров ги стави на маса пред Блинкен на неодамнешната средба, денеска вели се зависи од тоа колку ќе бидат конкретни нивните одговори.

  • Ако одговорот не биде контруктивен и ако Западот продолжи со агресивниот курс, Москва, како што повеќепати кажа претседателот, ќе преземе неопходни мерки- Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русијa.

Лавров откри дека Путин договорил продлабочување на соработката во сите сфери со првите луѓе на Куба, Венецуела и Никарагва. И додека Западот и „мафта“ на Русија со санкции, Путин денеска во потрага по инвестиции на видео средба со бизнисмените од Италија, земјата која во 2014-та беше меѓу европските држави кои и воведоа санкции на Русија по акнцијата на украинскиот полуостров Крим.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе