Вести Свет Топ вести

Во Србија евидентирани 19.063 заразени лица – реалната бројка на новозаболени е многу поголема

Во Србија во последните 24 часа се регистрирани 19.063 нови случаи на коронавирус и 37 починати, што преставува речиси ист рекорден број на заболени како и вчера кога беа евидентирани 19.901. Првиот петцифрен број на новозаболени е забележан на 11 јануари годинава или 13.693 лица.

Во Србија според податоците на Министерството за здравство, досега од коронавирусот се заразени вкупно 1.598.910 лица, а регистрирани се 13.377 семртни случаи.

Во болниците во моментов се наоѓаат 3.206 пацинти, од кои 138 се на респиратор.

Во последните 24 часа тестирани се 37.811 лица, а досега вкупно 7.974.355.

Епидемиологот Зоран Радовановиќ за Н1 изјави дека реалната бројка на новозаболени е многу поголема од бројките што ги најавуваат надлежните, како и дека големите редици пред ковид амбуалнтите и неколкучасовното чекање на пациентите покажуваат дека здравствениот систем е во „колапс“.

-Не можеме да кажеме дека сите пациенти имаат лесна клиничка слика, има пациенти со компликации, изјави директорката на Институтот за белодробни заболувања Љиљана Тимотијевиќ.

Бројот на граѓани заразени со омикрон сојот е три до четири пати поголем од официјално евидентираниот врз основа на лабораториски анализи, а до крајот на март ќе биде заразена 70 отсто од популацијата во Србија, изјави епидемиологот Радмило Петровиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе