Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ призна дека ги прекршил правилата за изолација додека бил позитивен на ковид 19, минатиот месец, објаснувајќи ја ситуацијата како погрешна проценка. Преку социјалната мрежа Инстаграм, Ѓоковиќ признава дека два дена откако бил тестиран и потврден дека е позитивен имал интервју, затоа што не сакал да ја разочара новинарката, а се трудел да одржува дистанца.
Но, тврди дека на 16-ти декември бил негатоивен на ковид и затоа бил дел од јавните настани на кои е сниман, иако, на формуларот за влез во Австралија е напишано дека на 16-ти декември имал позитивен ковид тест. Ова се дезинформации, пишува Ѓоковиќ и прстот го вперува во неговиот агент кој погрешно го пополнил формуларот на аеродромот во Мелбурн.
„Присуствував на кошаркарски натпревар во Белград на 14 декември (Црвена Звезда – Барселона), по што пристигна информација дека голем број луѓе се позитивни на коронавирусот. Иако немав никакви симптоми, на 16 декември направив брз антигенски тест. кој беше негативен. Тој ден направив и ПЦР-тест, следниот ден бев на тениски настан во Белград за да им дадам награди на децата и пред да заминам направив нов антигенски тест кој беше негативен, се чувствував добро, а позитивен ПЦР тест добив дури после настанот, напиша Ѓоковиќ.
Во моемтнов австралиските власти се уште ја водат истрагатра за тоа дали тенисерот лажел при влезот во земјата, а е медицински изземен од ковид вакцинацијата која е задолжителна за влез во Австралија и учество на турнирот. На Ѓоковиќ му беше забранет влезот, но судијата направи пресврт и му одобри влез. Сепак, сега се е во рацете на министерот за имиграција кој има дискреционо право да ја укине визата и тој да биде депортиран. Министерот најави дека одлуката ќе ја донесе деновиве кога треба и да ги има деталите од истрагата на властите. Најголема казна за давање лажни искази пред официјалните институции во Австралија изнесува пет години затвор.