За претстојната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков, мандатарот Ковачевски, во интервју за Топ Тема на Телма, рече дека Резолуцијата донесена од македонското собрание ќе биде почитувана, а дека очекува работните групи да работат на инсфраструктурна и економска соработка.
„Премиерот на Бугарија ја најави и ќе ја направи на нашата држава, тој тука ќе дојде на разговор и враќање на довербата низ дијалог. Разговорот треба да го водиме гледајќи кон иднината, кон економската и културната соработка на двете држави“, рече Ковачевски.