Погонот сеуште во изградаба но марихуната пристига од Јужана Африка. Американско- кандската компанија со домашен партнер увезе рекордни 2125 килограми марихуана. „Инстадоуз фарма“ ги поседува сите лиценци и дозволи,велат Цариан и МАЛМЕД а планира во индустриската зона Сачево, Струмичко да произведува и извезува масло од канабис во земји од европската унија. Издадени се десетици дозволи, а во земјава ќе се слеваат огромни колични канабис за индустријата со производство на масло од канабис.
Се пофалија на нивната интернет страница а изненадувањето било големо и во Царинската управа кога пристигнала пратка од 2.125 килограми висококвалитетна марихуана. Земја на потекло Јужна Африка, крајна дестинација – Струмица.
Сопственик на скапата стока е американско-канадската комапнија „Инстадоуз фарма“ која е една од педесетината фирми во земјава со лиценца за производство на марихуана, но меѓу ретките која го отпочнува процесот на производство на масло и втора која увезува. Марихуаната мора да се преработи и не смее да се препродава велат до агенцијата за лекови МАЛМЕД која им ја издала лиценцата.
- „Увоз на сув цвет од канабис за медицински цели, семе или садница за одгледување на канабисот, и био маса (мешавина од сите делови од растението, не само сув цвет), вршат само фирмите кои поседуваат дозвола за екстракција на канабис. Компанијата која што деновиве изврши увоз на 2.125 килограми сув цвет од канабис од Јужноафриканската Република има дозвола издадена на 8 ноември 2021,“ се наведува во одговорот на МАЛМЕД.
Дека, „Инстадоуз фарма“ ги имала пторебните документи потврди и царсинката управа. Биомасата ќе се провери, но не се знае сеуште каде ќе ја чува сопственикот.
- „Притоа е потврдена и пријавената количина од 2.125 кгр нето. Предметната пријавена стока CANABIS се уште се наоѓа во царински склад и за истата ќе биде спроведена соодветна царинска постапка во зависност од барањето на увозникот,“ известуваат од Цариснката управа.
Но, „Инстадоуз фарма“ не лутала во Македонија и во земјава влегла во заедничка инвестиција со веќе регистрирана фирма за одгледување марихуана „Канабико“ од Струмица како еднакви партнери. Погонот за исцедување на маслото се подига во индустриската зона Сачево во Струмичко, а според плановите и целите на кандскиот инвеститор фабриката треба да отпочне со работа на први април оваа година.
Дотогаш марихуаната ќе чека во некои од складовите на компанијата. Ова е втор пат во земјава легално да влезе марихуана по оние 176кг од земја на потекло Лесото.
Сепак, агенцијата за лекови за една година издала десетина дозволи за увоз од компании од Холандија, Англија, Хрватска, Лесото и Јужноафриканската Република. Целтта на најавената легализација на производството на марихуана беше фирми во змејава да произведуваат, а од земјава да се извезува био маса, цвет или масло од канабис.
Само фирмата „Инстадоуз фарма“ има највено дека внесе во земјава нови 6000 килограми, а за потребие на нивното производство ќе се внесуваат и до 100 тони месечно високовлаитетена марихуана.
Павле Беловски