Вести Македонија Топ вести

Семејството Бајрам не кажува дали „копале“ криптовалути во ГТЦ

Увезена компјутерска опрема која се сервисирала и потоа се извезувала е единствениот одговор кој денеска стигна од семејството Бајрам, во чии закупени подрумските простории на Градскиот трговски центар вчера имаше полициска рација во потрага по крадци на струја со копање на криптовалути, а за кои е потребна моќна компјутерска опрема која троши многу електрична енергија.

Габриел Бајрам кој заедно со неговиот брат Елвис Бајрам, се сопственици на подрумските простории каде вчера влезе полицијата, денеска пред камерата на Телма најави прес-конференција на која, како што рече, ќе ги даде сите одговори.

„Во 15.00 часот во Александар палас“, рече Бајрам.

Но попладнево на прес-конференцијата наместо некој од браќата Бајрам во нивно име се појави „професионален модератор“, Сеат Исмаил, кој исчита подготвено соопштение. „Модераторот“ не одговори на ниту едно прашање, упатувајќи за тоа да се обратиме до семејството Бајрам. Сепак Исмаил иако не одговори дали во подрумските простории на семејството Бајрам се копале криптовалути, и појаснуваше на јавноста како се’ можело да се копаат криптовалути.

„Истиот процес се врши преку мобилни телеофнски апарати кои секој граѓанин ги оседува, исто така секој персонален компјутер и конзоли за играње ја нудат истата можност“, рече Исмаил.

Полицијата пак која вчера влезе во подрумските простории на браќата Бајрам во ГТЦ преку соопштение информираше дека за броилата, кои се во приватна сопственост, не е утврдена каква било кражба на електрична енергија. Истовремено во полициското соопштение не се наведува дали при проверката е најдена компјутерска опрема за „копање“ криптовалути, но се констатира:

„Не постојат елементи за сторено кривично дело, бидејќи копањето на крипто валути не претставува кривично дело предвидено во Кривичниот законик“.

Денеска се огласи и ЕВН од каде за медиумите инфромираат дека тие носи струја до главната трафостаница на ГТЦ, а самиот ГТЦ потоа ја распределува електричната енергија до сопствениците и до закупците на деловен и магацински простор.

„Ова значи дека делот на мрежата која е во сопственост на ЕВН, уредно ја регистрира и фактурира потрошувачката на ГТЦ. Останатиот дел од мрежата, односно внатрешната инсталација, не е во сопственост и надлежност на ЕВН Македонија“, се наведува во одговорот од ЕВН.

Инаку Телма денеска дојде до испорачана сметка за струја од ГТЦ на еден од корисниците на деловен простор за месец октомври, на кој за 210 потрошени кВ струја му се побаруваат 118.200 денар, односно еден киловат потрошена електрична енергија го чини 562 денари. На фактурата од ГТЦ во делот за електрична енергија е наведен и „фактор 30“, кој сопственикот на закупениот просторот не знае што значи. Инаку истиот сопственик за друг изнајмен простор во ГТЦ, но за кој фактурата за потрошена електрична енергија му ја доставува ЕВН, за 990 кВ потрошена енергија треба да плати 24.915 денари, односно 25 денари по кВ.

Директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски, денеска не беше достапен да одговори како се врши распределбата и фактурирањето на трошоците на потрошената струја во Трговскиот.

Инаку вчерашната акција на полицијата по крадци на струја во ГТЦ со копање криптовалути е втора таква акција. И при првата МВР не утврдила кривично дело. За кражба на струја предвидена е казна затвор до три години.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе