Вести Македонија Топ вести

Седум приговори се поднесени до ДИК за вториот круг од локалните избори

Заклучно со 10 часот денеска, до Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени седум приговори од политичка партија ТМРО.

Како што информира ДИК, приговорите се однесуваат на постапката за сумирање и утврдување на резултатите во избирачките места 1156, 1178, 1157, 1182, 1183, 1176 и 1181 во општина Старо Нагоричане.

Рокот за поднесување приговори за вториот изборен круг од локалните избори, што се одржа завчера, истекува утре во 14 часот, информираше претседателот на ДИК Александар Даштевски, на вчерашната прес-конференција на која беа објавени првичните официјални резултати од изборите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе