Претседателот Стево Пендаровски кој учествува на Светскиот лидерски самит во рамки на Конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации (COP26) во Глазгов остварил кратки средби, со претседателот на САД Џо Бајден, германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Индија, Нарендра Моди и израелскиот премиер Нафтали Бенет.
„На маргините на Самитот за климатски промени #COP26 остварив уште четири кратки средби, со претседателот на САД Џо Бајден, германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Индија, Нарендра Моди и израелскиот премиер Нафтали Бенет. Се вбројуваме и здружуваме со земјите кои активно преземаат обврски за борба против климатските промени. Важно е да се чујат и нашите заложби и работа во овој дел.“ – напиша Пендаровски на својот Фејсбук профил.
Главна цел на конференцијата за климатски промени на Обединетите нации (COP26) е да ги собере светските лидери за да се забрза акцијата кон целите од Парискиот договор од пред 6 години, за одржување на растот на температурата под 1,5 степени, со демонстрирање на нивната посветеност за “нето нулта стапка на емисии на штетни гасови” и заложба земјите да престанат да го употребуваат јагленот.