Вести Македонија Топ вести

Од ДИК признаваат дека има проблеми со апаратите за идентификација, испратен меил до ОИК

Гласењето започна во 7 часот, сите избирачки места се отворени од избирачките одбори и процесот на гласање е во тек и во најголем дел се одвива непрчено. Во одредени избирачки места кои се во помал број се појавија одредени потешкотии и околу ракувањето со уредите, дел од нив се веќе надминати а дел тековно се отстрануваат со помош на техничките лица. Во некои избирачки места заради лоши отпечатоци не можат да се препознаат гласачите, гласањето тече со оставање на отпечаток во харитениот избирачки список во кој се запишани гласачите и им се овозможува да гласаат понатаму, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски на првиот пресек во 9.30 часот.

Од ДИК е испратен меил до сите општински изборни комисии кои треба да го проследат до избирачките одбори. Меилот јавно на денешната прва прес конференција го прочита Даштевски:

„Почитувани,

ДИК ве известува доколку гласачот неспорно е идентификуван во избирачкиот список а уредот за биометриска идентификација не го препознава и по неколку обиди на гласачот му се дозволува да гласа со оставање на отисок од прст во изводот на избирачкиот список во графата за отисок на прст. Напомена: Стариот начин на гласање со употреба на спреј и УВ лампа се применува само во случај кога уредот за биометриска идентификација на гласачот е неупотреблив или нема можност за негова замена.

ДИК“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе