Македонија Топ вести

Без проблеми тече гласањето на болните, затворениците и лицата во изолација

82 годишната Голубинка Мастева и нејзината сосетка 84 годишната Иванка Павлова од старата штипска населба Исар ја имаа привелегијата  први да ги пуштат гласачките ливчиња во кутијата за избор на градоначалник и советници. Почнаа Локалните избори со гласањето на 7.921 болно и немоќно лица во нивните домови.

Гласањето за болните и немоќни лица, за ковид болните, како и во Домовите за стари лица, и затворите се одвива на стариот начин, со уве ламба и спреј, апаратите за отпечаток на прст ќе се пуштат во употреба утре од 7 часот кога се отвараат гласачките места. Тимови од здравствени работници денеска им овозможуваат и на 476 лица болни од ковид или во изолација да гласаат во своите домови.

Ден пред Локалните избори гласаат и осудениците во 13-те казнено поправни установи, каде што своето право на глас можат да го остварат 1.899 гласачи. Гласачките места се отворени во 7 часот, а ќе се затворат во 19 часот.

Денеска, своето право на глас можат да го остварат вкупно 10.653 гласачи. Општинските изборни комисии се подготвени за утре, а на некои избирачки одбори во руралните средини активностите им почнуваат во раните утрински часови, со цел гласачките места да бидат отворени точно во 7 часот.

Раздвижено е денеска пред општинските изборни комисии, членовите на одоборите во придружба со полицијата го носат материјалот на гласачките места, на кои 1 824 863 граѓани можат да го остварат своето избирачко право.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе