Ковид19 Македонија Топ вести

Четвртина од новозаболените изминативе три месеци биле целосно вакцинирани

148 луѓе повеќе во еден ден би добиле позитивни тестови на ковид 19 а бројот на хоспитализации би пораснал за 328 на неделно ниво доколку не постоеше вакцинацијата. Ваква пресметка направи организацијата Фајненс тинк која ги анализирала последните три и пол месеци текот на вакцинацијата и ковид заразувањата и хоспитализацииите во земјава.

Нивните формули покажале дека за целиот период е спречена зараза кај вкупно 14 500 луѓе и 4 600 нивни хоспитализации. Според проценките, вакцинацијата ги намалила трошоците за лекување на заразените за 2 милиони и 800 евра и тоа само за последните 5 недели од делта бранот.

Според фајненс тинк Иако вкупниот ефект врз хоспитализацијата изнесува само 3.14% од вкупниот годишен буџет на Министерството за здравство, треба да се земе како значајна заштеда. Тоа го дообјаснуваат бидејки резултатите се долна граница од ефектите од вакцинацијата и поради тоа што се добри и покрај тоа што земјава се наоѓа на ниско ниво на вакцинација со 34 проценти од целото население.

Денеска и Министерството за здравство излезе со своја статистика на заразени а вакцинирани во изминатиот две и пол месечен период. Од вкупно 40.200 позитивни од нив  10 000 биле целосно вакцинирани или тоа значи дури една четвртина. Од бројот на хоспиатлизации пак 21 проценти отпаѓаат на целосно вакцинирани. Но според министерството смртноста кај невакцинираните е драстично поголема.

Засега нема отпор кај родителите за скринингот на учениците – брис ќе зема следната недела

Од починатите 1382 во анализираниот период, 1149 односно 83% не биле вакцинирани, а 17%, односно 233 примиле вакцина но починале.  Според министерството починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе