Лавина реакции во јавноста предизвика групната исламска молитва пред Владата предводена од кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари од Левица Тефик Махмут.Граѓаните на социјалните мрежи прашуваат, која е причината за ваквиот колелктивен собир на главна улица, други укажуваат дека место за молитва е џамијата а ИВЗ е единствениот организатор за нејзино одржување.Ваквата кампања некои ја нарекоа ,, мазохистичка ,, и иживување врз секојдневното живеење на граѓаните. Исламската верска заедница побара да не се злоупотребува исламот за политички цели.
Тефик Махмут не одговори на прашањето која била целта на молитвата пред Влада. Во негово име се огласи Левица.Махмут бил инспириран од неговите идеолошки предци како Малком Икс и сакал да покаже дека Ромите се тука и се подготвени целосно да се вклучат во политчките случувања во Македонија.
Организаторот претходно го пријавил настанот во МВР а главнаат сообраќајница била блокирана два часа.
Јулијана Пешевска