Вести Македонија Топ вести

(ВИДЕО): Октомвриски снегови ги покрија ски центрите и Водно. УХМР предвидува до 15 см снег на планините

Камерите на скимакедонија.мк покажуваат дека снег паѓа на Попова Шапка, Маврово, Пелистер и Нижеполе, а снежна покривка е формирана и на Водно.

Иако е средина на октомври, метеоролозите предвидуваат студено време, дожд, а на планините снег.

Прогнозата на УХМР за денеска е:

Облачно и студено со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), проследени со засилен северен ветер. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 см. Врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе