Економија Топ вести

Македонското земјоделство, на удар на климатските промени, зависно од увоз

Македонските земјоделци се  соочени и со климатските промени, но и со недостаток на национални сорти, зависни се од увоз. Засега државата има само планови на хратија. Истражувањата на терен покажуваат дека најголем број на земјоделци користат меркантилно семе, а тоа значи дека немаат постојан квалитет на производитети, а истовремено имаат и помали приноси. Земјоделците исто така немаат ниту информации за сортите кои се отпорни на суша или неправилниот распоред на врнежи.

  • Ограничениот пристап до семенски материјал доплнително ја влошува ефикасноста и одржливоста на земјоделското производство, а со тоа и егзистенцијата на индивидуалните земјоделци во руралните средини. Голем предизвик е производството и сертификацијата на квалитетен семенски материјал од домашни производители“ – Силвана Манасиевска Симиќ, преставник на ФАО.

Македонските научници почнаа да прават опити за производство на пиперка, грав и пченица. Тоа се нови семиња  приспособливи на климатските промени. Сега треба да ги едуцираат земјоделците, комплексен процес, бидејќи во државата има околу 200.000 земјоделски стопанства.

  • Овој дел што се работи, во голема мера го засега целокупното земјоделство кај нас, но и на глобално ниво, бидејќи зборуваме за една чувствителна тема, а тоа е борбата против глобалното затоплување, против климатските промени“- Трајан Димковски, заменик министер за земјоделие

Климатските промени најмногу ги чувствуваат земјоделците, а на удар се пченицата, пченката, виновата лиза и сончогледот. Експертите предвидуваат доколку не се реконструираат, но и изградат нови системи за наводнување, и прилагодување на сортите за дваесетина година сите земјоделски култури ќе се намалат за една четвртина.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски: Се надеваме дека за краток период ќе се затвори истрагата за пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Доларот во пад додека реципрочните царини меѓу Кина и САД без епилог

Дејан Дејан

Загинати 80 лица во американските напади врз Јемен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе