Вести Македонија Топ вести

Неизвесно е дали дури и на двајцата директори на Тетовската болница ќе им бидат прифатени оставките

Околу модуларната болница во Тетово каде загинаа 14 луѓе во пожар денеска е мирно. Трагите само сведочат за тоа што се случуваше таму пред еден месец. Директорот Флорин Бесими кој 11 години всушност бил само вршител на должност, а поднесе оставка по пожарот не беше таму. Економскиот Артан Етеми пак беше но само кусо вели.

Оставките се доставени до Министерството за здравство, но се уште немаме добиено одговор. Министерството е тоа што треба да донесе одлука.

За Министерството е неизвесно што ќе се случува дури и со директорите кој се уште не се разрешени. Треба да одлучат првите луѓе на здравство кои вчера куртулија  Министерот Венко Филипче и заменикот Илир ХАсани. Оставките кои ги поднесоа до владата премиерот им ги одби, но денеска опозициската ВМРО ДПМНЕ најави дека ќе поднесе иницијатива за свикување итна седница на Собранието со две точки одлуки за разрешување на Филипче и Хасани. Прешуваат уште колку луѓе треба живи да изгорат за да се понесе политичка одговорност за трагедијата којашто е резултат на неодговорноста на власта. ВМРО-ДПМНЕ очекува претседателот на Собранието да ја закаже седницата во рок пократок од 10 дена, бидејќи смета дека оваа состојба е од итен карактер и треба итно да се разреши.

И покрај тоа што во пожарот изгореа 14 луѓе, никој до сега официјално не ги откри нивните идентитети, години ниту од каде се. Телма денеска се обиде да добие информации но од Министерството но не ги кажуваат. Ниту обвинителството не открива и тоа во име на приватноста на семејствата.

Она што можеме да потврдиме е дека во пожарот 14 лица го загубија животот, осум жртви се жени и шест мажи, на возраст од 29 до 78 години. Од нив 12 лица биле хоспитализирани како пациенти во ковид болницата. Од починатите, две лица и тоа сопруга на пациент и ќерка на пациентка се надворешни лица кои не биле хоспитализирани.

Но имињата на 12 на од нив веќе се вртат по интернет портали и социјални мрежи.

Според она што го пишуваше во извештајот на обвинителството прегреан продолжен кабел на кој биле влклучени дефибрилатор мобилен и уште еден уред е причина да почне пожарот. Се ширел брзо оти имало оштетување на доводот за кислород а и поради тоа што поткровниот простор на објектот не постоеле прегради помеѓу просториите и кон ходникот. Ваквиот извештај за премиерот не го убди дека треба да ги прифати оставките на министрите, а првиот вицепремиер артан груби дури рече и дека не би можело тоа да се случи во време на пандемија и избори.

Билјана Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе